Бизнис
11. May 2017 - 8:18

Ден на финансиска едукација во Македонија

Во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија денеска во Градскиот парк во Скопје ќе биде одбележан „Денот на финансиска едукација“. 

Целта на настанот е да придонесе кон јакнење на општата свест за тоа колкава е потребата од финансиска едукација и кои се придобивките од таквото знаење.

На настанот се поканети претставници од релевантни институции во земјава, ученици од основните и средните училишта, студенти од Економскиот факултет во Скопје и од Центарот за претприемачко учење.

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација е составено од Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.