Македонија
2. December 2015 - 20:03

Ден на дрвото под мотото "Засади успех"

 “Засади успех“ е слоганот на годинешниот ден во дрвото. Денес  по 16ти пат се засадија околу 3 милиони садници на локации ширум државата.

Дрвата  се посадуваа на локации во и надвор од градовите. На места каде што имало пожари, покрај патиштата и покрај езерата.

Од иницијативата “Ден на Дрвото“ истакнуваат дека заедно со Македонски шуми пресметале 60% процентен успех на досега засадените дрва во последните 8 години откако постои иницијатавата.

Учениците од основните и средните велешки училишта посадија околу илјада садници покрај автопатот. Поискусните велат дека доколку имаме среќа наскоро да заврне дожд овие дрвја ќе го разубават пределот.

Од Велес се упативме кон Прилеп. Од небото и овде се гледаше голема раздвиженост. И премиерот Никола Груевски садеше садници заедно со прилепчани.

Од иницијативата истакнуваат дека овој проект со кој се разубавува околината и се подобрува животната средина. Не би можел без подршка на владата.

Денес енеработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Во сите градови имаше организиран превос до местата каде што се посадуваа садниците.

- Пред да полетаме во Македонија имаше 3 милиони дрвја помалку. Овие кои се засадија денес нема уште веднаш да придонесат за поздрава животна средина и почист воздух. Но за некололку години граѓаните ќе ги почувствуваат благодетите на пошумувањето.