Македонија
6. May 2016 - 23:26

Демонстрантите удрија по зградата на Антикорупциска

Најнова цел на протестите организирани до СДСМ, СОРОС и БЕСА беше зградата во која е сместена Антикорупциската комисија. Демонстрантите со балони полни со боја удрија по фасадата и на оваа државна институција.

Како и вообичаено, протестот почна од пред зградата на СЈО, продолжи кон Собранието, а откако ја офарбаа Антикорупциска комиција , демонстрантите се упатија пред Владата. Дел од нив фрлаа со боја и кон владината зградат.

Демонстрантите ги повторија барањата за одложување на изборите закажани за 5 јуни, укинување на одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и негова оставка.