Македонија
24. July 2017 - 16:10

Демократиа: САД игра во полза на Македонија

САД преку Хојт брајан Ји игра игра во полза на Македонија , пишува грчкиот весник Димократиа во анализа по посетата на високиот американски дипломат на Атина.

Од весникот тврдат дека откриле и дека од Скопје се испратени документи до НАТО и Европската Унија преку кои се бара Македонија да се приклучи на Алијансата, без да го спомене името.

„Тие сакаат интеграција со привременото име ПЈРМ и без преговори. Тоа е подла и подземна игра против Грција. Тоа е затоа што од една страна Владата на Зоран Заев тврди дека наводно е подготвена да направи отстапки за да се затвори циклусот на конфликти со кој грчкото 'вето' се одржува активно, а од друга страна, со поместување на логиката кон лукавост и подлост, се обидува да и забие нож во грб на Грција, еднострано приоѓајќи и на администрацијата на Алијансата и на Европската унија“, стои во коментарот на „Димократиа“.

Мининистерот за одбрана на Грција Панос Каменос, како што пишува „Димократиа“, му рекол на Хојт Ји дека не може да бара милион Словени да имаат корист, а 11 милиони Грци да се казнат, „особено што во Грција во моментов првпат расте проамериканскиот дух“.

Од друга страна пак, со пораката “Ставете вода во вашето вино за името на Скопје”, Ји повторно побарал од Грците да го омекнат нивниот став за спорот со името.

Во истовреме весникот прашува дали актуелниот заменик-помошник на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања ги изразува официјалните ставови на САД и што планира да направи грчката страна за да стави крај на ваквата ситуација.