Фудбал
7. November 2017 - 18:03

Дембеле ќе се врати за дуелот со Реал

Најскапиот играч на Барселона Осман Дембеле ќе биде подготвен да игра на „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 22.декември. Францускиот репрезентативец Дембеле за Барселона имаше деби против Еспањол на 9.септември, а неколку дена потоа се повреди на дуелот против Хетафе.
По операцијата најавите беа дека тој на терените ќе се врати следната година, а рехабилитација добро се одвива и можно е тој побрзо да биде подготвен за настап. Од Барселона напоменуваат дека тие нема да брзаат со неговото враќање.
Дембеле летово во Барселона дојде од Борусија Дортмунд за 104 милиони евра, а претходно во кариерата настапуваше и за француската екипа Рен.