Бизнис
24. March 2017 - 9:10

Деловна средба меѓу компаниите од кичевскиот и велешкиот регион

Деловна средба меѓу компаниите од кичевскиот и велешкиот регион со цел зголемување на соработката ќе се одржи денеска во Кичево, во организација на регионалните комори при Стопанската комора на Македонија. 

На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат компании од бизнис-секторот од двата региона, како и претставници од општините Велес и Кичево.

Целта е да се разгледаат можностите за интензивирање на соработката на регионалните комори и општините, како и можностите за поддршка на бизнис-секторот и инфраструктурно поврзување.