Македонија
31. August 2015 - 11:02

Делови од Кисела Вода и Чучер-Сандево утре без струја

Од 8.30 до 11 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ кули бр.3, 4 и 5 во општина Кисела Вода.
 
Во периодот од 9 до 14 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Горно и Долно Блаце, граничниот премин Блаце, караулата и кампот на АРМ во Блаце, како и предавателите на ОНЕ и Мобимак – Блаце.
 
Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.