Македонија
2. October 2017 - 10:15

Делови од Карпош, Сарај и Студеничани утре без струја

Корисниците од улицата „Мраморец“ од бр.35 до бр.52 во општина Карпош утре од 9 до 11 часот ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Чајлане и Семениште, општина Сарај. 

Дел од корисниците од селото Морани, општина Студеничани ќе бидат без струја од 9:30 до 12 часот. 

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.