Македонија
3. August 2016 - 12:03

Делови од Карпош и Сарај утре без струја

Без електрична енергија утре од 9.30 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Бранислав Нушиќ“ и објектот на детската градинка „Орце Николов“ во општина Карпош.

Во периодот од 6 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од викенд населбата Матка и корисниците од селата Глумово, Шишево, Горна и Долна Матка во општина Сарај.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради дефекти во електросистемот.