Македонија
13. July 2016 - 10:41

Делови од Карпош и Сарај утре без струја

Од 9 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Семениште, општина Сарај.

Во временскиот период од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Прашка“ од број 1 до број 9, како и корисниците од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологаниов“ и улицата „4“ во општина Карпош.

Од 8:30 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Будимпештанска“ во општина Карпош. 

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.