Македонија
17. August 2017 - 14:45

Делови од Гази Баба, Кисела Вода и Сарај утре без струја

Дел од корисниците од скопската населба Керамидница утре од 7:55 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 8:30 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од скопското село Бојане, општина Сарај. 

Како што соопшти РЦУК Скопје, прекините се поради технички зафати во електро-мрежата.