Македонија
14. February 2018 - 16:32

Делови на охридско-струшкиот регион парализирани од снег

Снегот кој го зафати охридско-струшкиот регион предизвика оштетувања и проблеми во снабдувањето со електрична енергија.Паднати дрвја и гранки,бандери ,електрични столбови  и непроодни патишта ова  е сликата од снегот кој наврна во текот на ноќта  . Состојбата во Охрид се нормализира додека во Струга е потешка поради  поголем дефект, струја нема во делови од градот и во речиси сите села во општината.Најкритично е во Дебарца каде  повеќе од 15 часа нема електрична енергија а прекин има и во водоснабдувањето , селата во Долни Дримкол и Малесија се отсечени а жителите завеани во своите домови додека жителите на Вевчани исто така живеат во мрак. Дежурните екипи уште од синоќа се на терен и ги санираат штетите од невремето.

Од општинскиот штаб за спасување и кризи велат дека најтешко било расчистувањето на патиштата на повисоките населени места кои моментално се проодни  за сообраќај.

Инаку во текот на ноќта затворени за сообраќај беа патиштата кои водат за Охрид према Битола,Дебар и Кичево а поради излизгани камиони околу 30тина автомобили синоќа беа заглавени кај превојот Буково.