Македонија
4. September 2017 - 18:26

Делев: Нема нови инвестици, постојните пред откажување

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува  Владата  дека не е способна да донесе нови инвестиции, но и дека постојните, како што рече Кристијан Делев од оваа партија, се пред одлука за затворање на капацитетите.

- Владата на Заев во наследство добива шеесетина странски компании со кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше во сериозни разговори и потенцијални 25.000 работни места. Наместо да го продолжат трендот на носење инвестиции тие се откажуваат, рече на прес-конференција Делев.

Според ВМРО-ДПМНЕ, сега активностите за странските инвестиции ги водат наместо стручни кадри, луѓе припадници на „Шарената револуција“, партиски војници и неквалификувани кадри, а повлечени се и сите инвестициски промотори од Европа, Америка и Азија.

 - Не се работи само за неспособност, туку и за намера.  Бркањето на инвеститорите и затворањето на погоните ја намалува цената на пазарот на трудот, тоа ќе ги намали платите, а тоа значи и повеќе профит за бизнис олигарсите на СДС, рече Делев.