Македонија
29. September 2017 - 16:33

Делев: Индустриското производство тоне веќе трет месец по ред

Економската политика на СДС доживува тотално фијаско. Рецесијата е веќе реалност во Македонија.

Индустриското производство во август годинава, во однос на истиот месец лани е намалено за цели 5,3%. Индустриското производство тоне веќе трет месец по ред. Тоа што е најалармантно е дека станува збор за најдраматичното намалување на македонската економија.

Македонската економија вртоглаво паѓа. Рударството забележа пад за 6,1% преработувачка индустрија падна за историски рекордни  8%, а  огромен пад има и на преработките од земјоделските производи како резултат на катастрофалната земјоделска политика на владата на СДС. За прв пат опаѓа и извозот од технолошко индустриските развојни зони, заради лошиот план на црната економска тројка која станува џелат на македонската економија Заев, Анѓушев, Тевдовски.

Со ваквите поразителни економски индикатори државата економски пропаѓа.

Неспособноста на СДС за менаџирање со парите на граѓаните ќе предизвика затворање на веќе постоечките индустриски капацитети, како и отселување на странските инвеститори.

Негативните кампањи против странските инвеститори како и негативната кампања против рударството се главните причини за овој вртоглав пад на индустријата која е носечки столб на целокупната економија во Македонија.

Ако на ова сето го додадеме и огромниот пад во секторот градежништво со прекинување на сите капитални проекти до крајот на оваа година ќе имаме најголем пад на приходите во буџетот на Република Македонија.

За да го надомести падот, СДС прибегнува кон енормно задолжување во Македонија. Министерот за задолжување изјави дека исклучително ќе се задолжуваат на домашниот пазар. Ова значи дека државата наместо да ја поддржува македонската економија и поттикнува инвестициите и кредитирањето во Македонија на домашните компании станува директен џелат на домашното стопанство-црпејќи ги средствата од банкарскиот сектор и економијата.

Владата на ВМРО-ДМПНЕ 10 години напорно работеше за стабилен економски раст и инвестиции.

Владата на СДС за само 110 дена ја уништи македонската економија. На Македонија и се потребни нови работни места. На Македонија и се потребни нови инвестиции

Ова сценарио мора да се спречи, граѓаните на 15-ти октомври ќе им пресудат на џелатите на македонската економија.