Македонија
7. October 2017 - 15:51

Делев: Анѓушев, поради наводна коректност се повлекува од бизнис зделката со АД МЕПСО

Деновиве сме сведоци на едно огромно лицемерие кое говори за криминогеноста и расипаноста на СДС и нејзината врхушка.

Фирмата ЕДС на вицепремиерот тендераш, Кочо Анѓушев, поради наводна коректност се повлекува од бизнис зделката со АД МЕПСО и испораката на струја.

Но она што всушност се крие зад ваквата одлука, не е политичката коректност или голема великодушност, туку напротив, желбата на Анѓушев да заштеди 233 илјади евра сопствени пари.

Имено, во ноември, неговата компанија ЕДС се обврзала да ја снабдува државната МЕПСО со струја, чија вредност тогаш изнесувала 39,65 евра за мегават час. Сега таа изнесува речиси двојно повеќе, односно 60,14 евра за мегават час, поради што Анѓушев не сакајќи да намали од профитот, и заштеда на проектираната загуба од 233 илјади евра која ќе ја направи поради скокот на цената на струјата, бара спогодбено да го раскине договорот со МЕПСО.

Ова е само уште еден класичен пример на конфликт на интереси, каде што вицепремиерот Анѓушев се јавува како главен фактор на одлучување кај двете страни, и на страната на државата и на страната на приватна компанија.

Кога е Анѓушев во прашање законите не играат некоја важна улога, а историјата се повторува.

Законите беа прекршени во случајот хидроелектрани „Тополка“.

Законите беа прекршени во случајот „акумулатори“.

Законите беа прекршени и во случајот со фамозниот тендер на ЕЛЕМ, во кој Анѓушев јасно призна дека управителите во неговите фирми се само статисти, а тој е оној кој одлучува за бизнис зделките на  неговите фирми.

Анѓушев се гледа низ призмата на парите, а Македонија е добра почва за неговите сомнителни бизниси.

Додека економијата доживува крах, додека стопанството е пред колапс, додека стандардот на граѓаните паѓа, додека растат цените на производите, а просечната плата се намалува, додека се бркаат инвеститори, само семејните бизниси на Заеви и Анѓушеви цветаат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола.

За само четири месеци, СДС успеа да реализира криминални тендери кој изнесуваат милиони и државата ја ставија во функција на контрибутор на касата на неколкуте фирми кои се во сопственост на клановите на власта.

Доколку вицепремиерот Анѓушев навистина чувствуваше морална и политичка одговорност, до сега требаше да си поднесе оставка поради злоупотребување на службената функција. Самото поставување на функција „вицепремиер за економски прашања“ на човек чии фирми поседуваат 90% од домашниот пазар на електрична енергија, преставува конфликт на интереси.

Конфликт на интереси имаме поради фактот дека фирмите на Анѓушев се најголемите увозници на електрична енергија.

Конфликт на интереси имаме поради фактот дека фирмите на Анѓушев се најголемите продавачи на електрична енергија на македонскиот пазар, кој е веќе либерализиран за правните субјекти, а со новите измени Анѓушев ќе го покрие и пазарот за домаќинствата, поточно, сите домаќинства ќе користат електрична енергија која ќе им ја продава Анѓушев. Со тоа, лично Анѓушев ќе ја диктира цената на електричната енергија која, според досегашните искуства, можно е да порасне и до 50% за домаќинствата.

Конфликт на интереси имаме и поради фактот што Анѓушев има добиено 24 концесии за користење на мали хидроелектрани за кои добива повеќе од 5 милиони евра фидинг тарифи според регулаторна комисија.

Ваквото беззаконие не смее да остане неказнето. По враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија сите прекршители на законите кои вршеле криминал со цел да и се додворат на врхушката на власт ќе одговараат.

Граѓаните ќе го казнат неодговорното однесување на владата со голем пораз на 15-ти октомври за сите погрешни политики на СДС, аболицираниот криминалец Зоран Заев и газда Кочо Анѓушев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ