Македонија
4. February 2016 - 8:43

Делегација од Нанчанг во посета на Град Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска ќе има средба со делегација на збратимениот град Нанчанг, Народна Република Кина, предводена од Веи Гуохуа (Wei Guohua), заменик директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на  Нанчанг.

Вечер, по повод Кинеската Нова Година,  во Македонскиот народен театар ќе се одржи музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг.