Македонија
24. May 2017 - 13:25

Делегација на СДСМ положи цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј на платото на УКИМ

Делегација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска положи свежо цвеќе на споменикот на браќата Кирил и Методиј на платото на Скопскиот универзитет, по повод Денот на сесловенските просветители.

Во состав на делегацијата беа Петар Атанасов, пратеник и претседател на партиската Комисија за образование, Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура во СДСМ, и Сања Лукаревска, член на Извршниот одбор на СДСМ.