Делави: Добро е што Србите и Албанците не се обвинуваат меѓусебно за убиството на Ивановиќ
Амерканскот амбасадор во Приштина, Грег Делави смета дека е добро што Србите и Албанците не се обвинуваат меѓусебно за убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.
Во интервју за „КоССев“, Делави изјави дека ова убиство нема меѓуетнички карактер.
- Животот продолжува, тоа е нешто добро. Мислам, станува јасно дека ужасното и трагично убиство на господин Ивановиќ не беше меѓуетнички инцидент. Не знаеме кој го изврши, ние немаме ни еден факт околу убиството. Но, мислам дека фактот што луѓето не ги обвинуваат другите заедници е нешто позитивно. И тука сакам да го протолкувам тоа како дел од постепеното подобрување на меѓуетничките односи меѓу косовски Срби и косовски Албанци, изјави Делави.
Ивановиќ, беше убиен на 16 јануари годнава пред седиштето на неговата партија во Косовска Митровица. Обдукцискиот наод покажа дека бил убиен со шест куршуми од пиштол марка „М70А“, познат како „долга деветка“.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок