Македонија
27. October 2015 - 21:06

Дел од автопатот Велес - Градско утре во прекин

Поради снимање на францускиот филм „А Фонд”, утре од 5 до 18 часот ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од мотел „Македонија“ до Градско, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација, информираат од АМСМ.

Поради изведување на градежни работи (крпење на ударни дупки) на автопатот А2, од наплатната Гостивар до наплатната Тетово, се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека поради изведување работи на пат (минирање) утре во преки од 15 до 20 минити во периодот од 14:30 до 17 часот ќе биде патот А2 Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека и село Врбјани.