Македонија
26. July 2017 - 16:39

Декласификација на договорите со странските инвеститори, одлучи владата

Државната помош  за странските инвеститорите ќе биде врзана за платите. Сумата ќе биде поголема ако инвеститор исплаќа повисока нето плата. Ова особено важи за дефицитарните кадри кои најчесто се со високо образование. Дополнително пари ќе добијат ако фирмите отворат и развојни центри. Субвенциите ќе зависат и од соработката  со домашните фирми. Помошта нема да надминува 50 отсто од инвестицијата. Договорите со странските инвеститори ќе бидат достапни за јавноста. Ваквите нови правила   ќе важат за идните инвестири но ќе ги опфатат и  домашните фирми. Новиот модел за инвестирање  ќе биде објавен од септември.

На оние  инвеститори  кои веќе работат тука договорите ќе им бидат целосно испочитувани.

Економските промотори  се укинуваат. Во амбасадите ќе се формираат економски атешеа кои ќе имаат задача да привлекуваат странски инвеститори и да  ги промовирата македонските производи во странство. На средбата со владата престванциите од страските фирми дале предлози и за упростување на административните процедури.