Живот
24. November 2017 - 18:59

Декември може да е фатален за два хороскопски знаци: Ако се пронајдете, пазете се!

Непријатен месец ги очекува овие два хороскопски знаци. Ако сте еден од нив, најдобро е да внимавате во вашите одлуки, и да не избрзувате.

Овен

Ненадејни ситуации ќе ве фрлаат од една во друга крајност: на моменти збунети и дезориентирани, па сè до агресивни и настроени за кавга. Сето тоа ќе е проследено со недоречени или погрешно пренесени зборови, ваши или туѓи, како и средби кои се закажани, па откажани, па повторно презакажани. Многу е веројатно и дека ќе треба да консултирате правно лице или да го проучите законот.

Лав

Многу измешани настани за вас драги лавици во овој месец: почетоци, завршетоци, кавга со лошо настроен човек кој одамна „си го бара“, неочекувани информации од партнерот/ партнерката и слично. Затемнувањето на Месечината ќе започне серија на настани кои ќе потраат до наредната година. Не е исклучена и можноста да прекинете односи со лицето кое веќе ве лажело, а речиси сигурно е дека ќе подготвите противудар.