Бизнис
4. May 2016 - 16:37

Деканот на Земјоделскиот факултет оценува дека владините мерки ќе го вратат животот на мекедонските села

Ќе се врати животот во македонските села . Со проектот  миграција град – село ќе се  промени и  образовната  структура и структурата на населението во руралните средини, значително ќе се подобри локалнот економски развој, а целосно ќе се искористат и ресурсите со кои располагаат овие средини.  Проектот  ќе помогне  во земјоделството да се внесат нови идеи, технологии со што аграрот ќе стане поислатлива гранка.  Според  деканот на земјоделскиот факултет  Димитриевски, ваков проект требало да се воведе многу порано. Очекува  за мерката да има голем интерес , многу луѓе гужвата во градот да ја заменат со мир на село.

Според  статистиката демографските показатели на регионално ниво покажуваат диспропорција во распределбата на населението- Скопсиот регион има десет пати поголема густина на населението од Вардарскиот.

30 проценти од  населението во земјава живее во Скопскиот регион , 15,4 во полошкиот , а најмалку околу 7,4 отсто во вардарскиот регион. 

150 села се сосема празни, а во 300  има по 20 тина жители. Според познавачите  мерката треба да помогне да се промени оваа слика.

Поволностите од проектот се големи, се субвенционираат 6.000 евра за обнова изградба или рекоснрукција на куќа, се нудат бенефиции за државно земјоделско земјиште до три хектари, еднократна парична помош од 15 .ооо денари во тек на 18 месеци. Мерката можат да ја користат лица кои претходно мигрирале од село во град , а сеуште имаат имот на село, кои мигрирале,  но не го задржале имотот во селото, невработени лица кои живеат во град, но и вработени со ниски примања однсно вкупниот месечен буџет во  семејството  да не биде поголем од 21.800 денари.

Ваквиот  проект се применува во многу земји во светот.