Тенис
5. February 2017 - 10:46

Дејвис куп: Завришја два меча од првото коло

Два меча од првото коло од Дејвис купот веќе завршија пред се поради временската разлика и што се играа во Австралија и јапонија.

Австралија со 4:1 ја победи Чешка, додека Франција беше подобра на гостувањето кај Јапонија со истиот резултат.
Пласман во следната фаза веќе имаат обезбедно Србија и САД, кои водат со 3:0 против Русија односно Швајцарија.
Победникот на другите четири дуели ќе се решава на денешните сингл мечеви: 
Хрватска - Шпанија 2:1, 
Германија - Белгија 1:2, 
Аргентина - Италија 1:2,
Канада - Велика Британија 1:2.