Тенис
3. February 2017 - 12:11

Дејвис куп: Водство од 2-0 за Австралија и за Франција

Со мечевите во Австралија и во Јапонија стартуваа дуелите од 1.коло од Дејвис купот за 2017 година. Австралија поведе против Чешка со 2:0,а победите ги постигнаа:бЏордан Томсон и Ник Киргиос.
Франција го има истото водство од 2:0 како гостин против Јапонија откако победи во сингл мечевите остварија: Ришар Гаске и Жил Симон.
Покрај овие два дуела во првата рунда играат уште: Аргентина – Италија, Германија – Белгија, Канада – Велика Британија, Србија – Русија, САД – Швајцарија и Хрватска – Шпанија.
Минатата сезона победник на Дејвис купот беше селекцијата на Аргентина.