Тенис
7. March 2016 - 8:36

Дејвис куп: Одиграни мечевите од првото коло, Србија и Хрватска меѓу четвртфиналистите

Познати се сите парови за четвртфиналната фаза од светската група во Дејвис купот. Мечевите ќе се играат од 15-17 април, а двојките се:
 
Србија – Велика Британија,
САД – Хрватска,  
Италија – Аргентина и
Чешка – Франција.
 
Ова е епилогот по завршувањето на осминафиналните пресметки во текот на викендот. Постигнати беа следниве резултати:
 
Италија – Швајцарија 5:0,
Велика Британија – Јапонија 3:1,
Франција – Канада 5:0,
Австралија – САД 1:3,
Белгија – Хрватска 2:3,
Полска – Аргентина 2:3,
Србија – Казахстан 3:2 и 
Германија – Чешка 2:3.