Тенис
4. February 2017 - 18:34

Дејвис куп: „Кенгурите“ ја прескокнаа Чешка

Поради временската разлика веќе се одиграа мечевите од вториот ден, во 1. коло во Девис купот, во Мелбурн и Токио.
 
По вториот ден Австралија и Франција веќе изборија пласман во наредната рунда, откако поведоа со 3:0 против Чешка односно Јапонија.
 
Третиот поен на Австралија против Чешка и го донесоа Сем Грот и Џон Пирс кои со 6:3, 6:2, 6:2 ја совладаа чешката комбинација Јан Сатрал и Јиржи Весели.
 
Франција во Токио води 3:0 против Јапонија, откако Пјер-Хју Херберт и Николас Мау со 6:3, 6:4, 6:4 ја совладаа јапонската двојка Јучи Сугита и Јасатака Учијама.
 
На другите мечеви САд води со 2:0 против Швајцарија, за која не играат Роџер Федерер и Стан Вавринка. Јек Сок славеше со 3:0 против Марко Кудинели, а Џон Иснер со 3:1 го победи Хари Лаксонен.
 
Со 2:0 води и Србија против Русија. Виктор Троицки во пет сета славеше против Керен Качанов, додека Медведев му го предаде мечот на Новак Ѓоковиќ при водство на српскиот тенисер од 2:1 во сетови.
 
На дуелите меѓу Хрватска и Шпанија, односно Канада и Велика Британија резултатот по првиот ден е 1:1