Дејан случајно се нашол на кобниот лет: Го менувал колегата и загинал во падот на авионот
Дејан Пандуровиќ не требало во петокот да се најде во авионот „супергалеб Г4“ туку го менувал колегата кој има куќна слава.
-Тој со задоволство прифати. За жал, неговата добра намера и желба да помогне му се врати лошо, раскажа колега на настраданиот пилот.
Сопругата верувала во чудо
Јелена Пандуровиќ верувала до последен момент дека таткото на двете нејзини малолетни ќерки останал жив.
Мојата ќерка се до доаѓањето во село Слатино веруваа дека Дејан преживеал. Цел пат плачеше, но упорно повторуваше дека успеал да ја повлече рачката и да се катапултира. За жал, тоа небеше точно, вели дедото на настраданиот пилот, а потоа продолжи:
-Некој и рекол дека нешто се случило со авионот. Ми се јави и инсистираше да тргнеме таму. Тогаш уште немаше вести за несреќата, но попуштив на нејзиното инсистирање. Во меѓувреме се појави вест на телевизија. Сопругата остана да ги чува децата, а Јелена и јас тргнавме кон Шабац. Не знаев ни каде одиме, но таа не ми даваше да застанам, низ солзи раскажува дедото на настраданиот пилот и додава дека во тој момент на контролната кула на аердоромот бил другарот и кум на Дејан.
Дека еден од пилотите настрадал, дознале по пат. Сепак Јелена цело време верувала дека нејзиниот сопруг успеал да се спаси.
- Кога стигнавме до местото на несреќата, таа потрча кон остатоците. Војникот ја задржа и не и даде да помине. И подобро, да не го гледа тоа. Јас некако поблиску се доближив до местото, вели Ѓорѓевиќ.
По несречата во домот на семејството Ѓорѓевиќ пристигнаа мајката на Дејан и неговиот брат кој живее во Нови Сад. Тие останале во станот во кој Јелена живеела со мажот и децата.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца