Македонија
12. December 2015 - 18:19

Дефект во електричната инсталација, причина за големиот пожар во зградата во Македонска Каменица

Во големиот пожар што вчера избувна во зграда на улица Рударска, во Македонска Каменица, целосно изгоре еден стан, а неколку други се опожарени. Огнените јазици целосно ја проголтаа и кровната конструкција. Огнената стихија траеше цели три часа, а во неjзино гаснење се вкклучија и пожарникарските екипи од Делечево, Виница и Кочани. Среќа во несреќата е што нема жртви, ниту повредени лица. Од општината денес излегоа на лице место за да помогнат во санација.

- Заедно со ЈП денес цел ден работевме на санација на штетите, на она што е изгорено-изјави Дарко Митевски, градоначаланик на М. Каменица

Проценката на штетите ќе продолжи и во понеделник, за да се најдат можности во законски рамки, односно под ингеренции на ЛС, да им се помогне на станарите.

- Ќе помогнеме целосно и на фамилијата чиј стан е опожарен и на целата зграда за промена на кровната конструкција –додаде Митевски

Според првичните неофицијални информации од истрагата, причината за пожарот е дефект во електричната инсталација.