Македонија
24. December 2016 - 16:43

Дедо Мраз со хеликоптер слета во Петровец

Со транспортен воен хеликоптер, наместо со санка и ирваси, Дедо Мраз слета на полигонот во Петровец. Го пречекаа над 400 насменаи и весели дечиња. Сите знаат дека дедото со бела брада доаѓа од Лапонија.  Покрај пакетчињата, очекуваат Дедо Мраз под елката да им остави  и златна рипка, клавир, спајдермен и големи црвени автомобили.

Откако се поздрави со сите пружени детски раце, Дедо Мраз на сите им посака многу здравје и среќа во новата 2017 година.

Традиционално, 20 години по ред, оваа манифестација ја организира воздухопловната бригада на АРМ. Новогодишни пакетчиња имаше за околу 440 деца на припадници на оваа бригада.

Покрај дечињата, новогодишни желби имаат и возрасните.

- Здравје, среќа и љубов

- Јас посакувам мир, доаѓам од таква организација каде се спремаме за лошо и посакувам само мир.

Дедо мраз го пречекаа, со пакетчињата си заминаа дома каде под елката ќе ги бараат подароците кои ги посакаа.