Македонија
12. August 2016 - 17:34

Дечињата од поплавените реони ќе гостуваат во Охрид

Главниот туристички центар продолжува со помош за настраданите во Скопско . На покана на детската градинка Јасна Ристеска 28 деца на возраст од 4 до 6 години ќе бидат сместени во објектот Росица се со цел да им се разубави секојдневието во овие тешки мигови . Најмладите за време на престојот ќе посетат културно историските знаменитости ,музеи, уметнички настани и ќе се рекреираат  на охридските плажи.

Синоќа на градскиот плоштад голем  број нa eстрадни уметници настапија на хуманитарниот концерт а од страна на Црвениот крст беа поставени пунктови за финансиска и материјална помош.

Граѓаните и туристите кои одмараат на брегот на охридското езеро ја покажаа својата хуманост донирајќи средства за настраданите.

Од локалната самоуправа најавија дека ќе продолжат мерките за помош а на барање од Бирото за Судски вештачења, тим од седум овластени проценители вработени во општина Охрид се приклучија во проценувањето на штетата во поплавените подрачја.