Џет-Сет
23. January 2017 - 11:30

Децата на Џеј-Ло го обожавааат Дрејк

Џенифер Лопез и Дрејк веќе неколку седмици го привлекуваат вниманието на своиите фанови поради својата романса, а сега се појави и податокот дека раперот сака да стане татко.

Иако до скоро гласините говореа дека тие често се заедно само поради работата, неименуван извор открива дека се работи за нешто повеќе.

Имено, Дрејк е чест гостин во домот на познатата латино-поп и Ар-Ен-Би пејачка, па веќе знае и дека нејзините деца близнаци Макс и Ема ги знат сите негови песни. Од друга страна пак, тој ужива во идиличната семејна атмосфера што опфаќа приготвување вечера, опуштено гледање филмови...

Дали тоа значи дека се наѕира уште еден брак за Џени? Времето ќе покаже.