Деца од семејства во социјален ризик и корисници на посебен додаток на бесплатен одмор во Струга
Во рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет” - Струга, започна летувањето на првата од вкупно осум групи деца опфатени во рамки на проектот за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација. Оваа услуга ќе ја искористат околу 2.000 деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, информира Министерството за труд и социјална политика.
- Услугата одмор и рекреација вклучува престој, активен одмор, социјализација на децата, воспитно-образовни, културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности со децата за развивање на психомоторниот развој. Во текот на седумдневниот престој, програмата ќе ја реализираат воспитувачи по групи и друг стручен кадар (педагошки раководител/водич на смена, лекар, медицинска сестра, инструктори и др.) ангажирани од страна на правните субјекти во кои ќе се реализира проектот и волонтери од Црвениот крст на Република Македонија, соопшти МТСП.
Реализацијата на овој проект, се додава во соопштението, преку донација од свои производи ја помагаат компаниите Албиз фондација-Даути, Алкалоид, Пелистерка, Витаминка и Атлантик комерц
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот