Македонија
6. November 2017 - 8:57

Дебата за заштита на свиркачите и граѓанското општество

„Заштита на свирчаките и граѓанското општество“ е темата на средбата со граѓански организации во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ во соработка со Амбасадата на САД во Македонија.

Гостин предавач на средбата е Том Девајн, директор за правни работи во Government Accountabolity Project, Вашингтон.

Том Девајн

Во текот на својата кариера Том Девајн има работено со над пет илјади укажувачи или популарно наречени „свиркачи“.

Девајн бил предводник на кампањите за усвојување или заштита на 20 главни национални или интернатицонални закони за заштита на свиркачите. Тој исто дака бил „амбасадор на свиркачите“ во повеќе земји на патувања спонзорирани од Стејт депртментот.