Македонија
15. December 2017 - 9:03

Дебата за реформите во областа на следењето на комуникациите

Да се поттикне широка јавна дискусија за предвидените реформи за следење на комуникациите е целта на денешната дебата „Реформа на следењето на комуникации - суштински или козметички промени?“

Дебатата, како што посочуваат организаторите, треба да и овозможи на Владата да ги идентификува и отстрани проблематичните точки во предвидените реформи, но и да поттикне дебата кај пратениците за активно да се вклучат во нивното моделирање и на тој начин да ги заштитат интересите на граѓаните кои ги избрале.

На настанот ќе бидат претставени клучните предвидени законски измени во системот за следење комуникации и ќе бидат изложени ставовите на претставници од граѓанските организации за тоа дали реформата обезбедува соодветна заштита на приватноста на граѓаните и ги исполнува барањата на Европската унија за функционален надзор над следењето комуникации. 

Дебатата ја организира Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во соработка со Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Институтот за европски политики. Поддржана е од фондацијата National Endowment for Democracy (NED).