Дебата за одговорноста на судиите
Во организација на Здружението на судиите на Република Македонија и Амбасадата на САД, денеска на Правниот факултет при Универзитет Гоце Делчев - Штип, ќе се одржи научна и стручна расправа на тема „Одговорност на судиите, казнена политика и пробација во светло на реформата на правосудството“. Научната расправа е активност во рамки на проектот „Зајакнување на улогата и независноста на судиите во Република Македонија“.
На научниот собир најавено е учество на американски и домашни практичари и експерти, кои имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики, како и да ги дискутираат другите судски примери.
Учесниците на расправата ќе дебатираат на темите „Кривична, граѓанска и дисциплинска одговорност на судиите во контекст на слободното судското одлучување: сегашна состојба, предизвици и реформа“, „Етаблирање на соодветни механизми за заштита од надворешни и внатрешни притисоци на судиите при одлучување во контекст на Стратегијата за реформа на правосудството“ и „Реформа на казнената политика на судовите во РМ: ревизија на улогата и надлежностите на Комисијата за воедначување на казнената политика/ Нормативни и практични претпоставки во практичната примена на Законот за пробација“.
Финалните препораки од расправата, во вид на заклучоци ќе бидат земени предвид за натамошни измени и дополнувања на законските решенија предмет на оваа расправа.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто