-->
-->
Дебата за можноста за еднакво учество на лицата со попреченост во изборниот процес
-->
Повеќе од 63 проценти од гласачките места во североисточниот регион се непристапни за лицата со попреченост, особено за оние кои се во инвалидска количка, беше истакнато на денешната тркалезна маса насловена „Еднакво учество на лицата со попреченост во изборниот и политичкиот пристап во Македонија“, која ја организираше Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.
Истражувањето покажало дека гласачката кутија не е на соодветна височина за да може лицето само да остави своето ливче.
- Исто така кабината е непристапна, односно е со мала заштита на тајната на гласање и многу лица со попреченост одлучиле да не гласаат за да не се наруши нивната тајност. Имаше реакции и од лицата со попреченост дека прогрмите на партиите воопшто не се достапни за лицата со оштетен вид, и за лица со интелектуална попреченост. Наша препорака ќе биде да бидат достапни во аудио верзија и на лесно разбирлив начин но ќе видиме што ќе се случува, истакна Благица Димитровска од „Инклузива“.
Денeшната е прва тркалезна маса од трите предвидени од проектот на кое ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето. Во рамки на проектот предвидено е да се подготват и препораки и извештај кој ќе биде доставен до релевантните институции, општините кои се задолжени за обезбедување на пристапот, но и државната изборна комисија.
Димитровск додаде дека е до крајот на наредната недела ќе се одржат тркалезни маси и во Кратово и Крива Паланка. Целосниот извештај ќе биде доставен до надлежните институции, меѓу кои и до Државната изборна комисија. На настанот присуствуваа пратеници, советници, претставници на невладини организации и други засегнати лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште