Бизнис
5. December 2017 - 20:48

Дебата: За или против нови рудници?

За развој на рударството во Македонија е потребна долгорочна стратегија. Од македонската асоцијација за рударство сметаат дека ова е еден од главните проблеми во овој сектор,  посебно во последниот период кога изградбата на рудници е една од главните теми, а ставовите за нивната работа различни. Претседателот на асоцијацијата Николајчо  Николов смета дека прашањето за или против рудници е тешко да се постави, а уште потешко да се одговори на истото.  Според него за таа тема треба  да дебатираат  стручни лица и да оценат дали и каде ќе се градат рудници.

,, Треба да се седне на многу стручно и одговорно ниво  стручњаци од таа област да оценат во Македонија дали  и каде треба да се отвараат нови рудници. Сигурно неможе да биде прашањето генералноп против рудници, но можеби има места кај што треба да се размисли дали е најцелисходно да се отвори рудник.,,  Вели Николајчо Николов – македонска асоцијација за рударство

Градоначалниците на општините Валандово, Дојран и Богданци во кои изградбата на рудници во изминатиот период беше главна тема и за која граѓаните се изјаснуваа и на референдуми со став дека не сакаат рударски комплекси на нивните територии.

,,  Развојот на нашата општина го гледаме исклучиво преку земјоделието, имаме компаративна предност за тоа и нашиот став е непроменет.,, вели Перо Костадинов – градоначалник на општина Валандово

,, Остануваме на тој став. Даваме максимална поддршка на сите активисти коишто се против рудниците и ќе застанеме позади нив.,, вели Анго Ангов – градоначалник на општина Дојран

,, Граѓаните ја дадоа поддршката да нема рудници и секако развојот на Богданци не го гледаме преку отварање на рудници.,, вели Блаже Шапов – градоначалник на општина Богданци

Со исти став остануваат и граѓанските активисти  кои ги иницираа активностите против изградба на рудници. Од иницијативата ,, Спас за Валаново велат дека не отстапуваат од  намерата и продолжуваат со активности за стопирање на изградбата на рудници . Една од нив ќе биде и протестен марш.

,, Барањата се упатени кон владата и кон надлежните министерства за итно запирање на изградбата на рударскиот комплекс Казандол.,, вели Роберт Марков - ,, Спас за Валандово,,

Околу отварањето на нови рудници во Југоистокот во изминатите неколлу месеци преку референдум имаа можност да се изјаснат и граѓаните на шест од вкупно десет општини.  Жителите на Гевгелија, Дојран и Богданци кажаа дека не се за рударски комплекси на нивните територии, додека во Валандово, Босилово и Ново Село референдумите поминаа неуспешно. Во моментов во Македонија од рударството егзистираат 13.000 лица.