Македонија
6. July 2017 - 9:28

Дебата „Омбудсманот - меѓу граѓаните и институциите“

Дебата „Омбудсманот - меѓу граѓаните и институциите“ ќе се одржи денеска во Тетово во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Во дискусијата, како што е најавено ќе учествуваат народниот правобранител Иџет Мемети, новинарката Гордана Дувњак и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска.

Дебатата, според организаторите, ќе се обиде да даде одговор на прашања, како што се дали и како Омбудсманот ги штити граѓаните и нивните права пред државните институции, дали граѓаните го препознаваат Омбудсманот како свој заштитник, дали државните институции постапуваат според укажувањата на Омбудсманот,  дали Омбудсманот има репутација на силна, авторитетна и независна институција во јавноста..

Настанот се реализира во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.