Македонија
1. February 2016 - 8:25

Дебата „Домашните наспроти странските инвестиции“

Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска организира дебата на тема „Домашните наспроти странските инвестиции во Република Македонија:политики за поддршка и нивните ефекти“.

Дебатата е дел од проектот „Дијалози за визија“ кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

На настанот најавено е присуство на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет и директорката на ЕПИ, Малинка Ристевска - Јорданова.