Кошарка
25. October 2017 - 19:05

Дебакл на АВ Охрид - Пораз од 50 поени во АБА-2 лигата

 
  Кошаркарите на АВ Охрид го претрпеа и третиот пораз во регионалната Втора АБА лига и тоа убедлив изразен со дури 50 поени разлика. 
 
Охриѓани пред својата публика попладнево се поразени од српскиот тим Вршац убедливо со 61:111 по четвртини 18-28, 14-25, 18-23 и 11-35
 
Уште по воведниот период беше јасно дека АВ Охрид нема капацитет да му се спротивстави на противникот кој постигна 10 поени повеќе, а на полувремето веќе имаше и 21 поен предност (32-53). Вториот дел беше само чиста формалност па на крајот тимот на Вршац забележа победа со 111:61. 
 
Освен Американецот, Реми Бери и Бугаринот, Станислав Тсонков ниту еден друг играч кај охридската екипа не покажа отпор, барем што се однесува до нападот. Бери средбата ја заврши со 23, додека Тсонков постигна 21 поени, 
 
За АВ Охрид ова е трет пораз во исто толку одиграни средби, а со неверојатна кош разлика од -142 поени, овој тим е убедливо последен во второлигашката АБА конкуренција.
 
Следен противник на Охрид ќе биде босанската екипа Зрињски во меч кој ќе се игра на 30 октомври во Мостар.