Свет
22. December 2016 - 14:40

Де Мистура повикува за прекин на огнот во Сирија

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура повика денеска за прекин на огнот во целата држава.

– Тоа е потребно за да се избегне нова смртоносна битка како онаа за Алепо, изјави Де Мистура.

Тој додаде дека најмалку 35.000 луѓе како цивили така и бунтовници, биле евакуирани во изминатите денови од северниот сириски град. Најголем дел заминале во Идлиб кој може да се претвори во ново Алепо.