Свет
19. February 2017 - 15:03

Де Мистура: Не знам каде се САД во решавањето на сириската криза

Пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мистура запраша денеска за американското ангажирање во решавање на сирискиот конфликт, само неколку дена пред клучните преговори во Женева.

– Каде се САД во сево ова? Тоа јас не можам да ви го кажам бидејќи не знам, изјави тој. Де Мистура додаде дека новата американска администрација и понатаму се обидува да ги одреди своите приоритети за тоа прашање.

Де Мистура денеска учествуваше на минхенската безбедносна конференција и нагласи дека преговорите за Сирија ќе бидат одржани на 23 февруари во Женева за да се види дали постои можност за унапредување на политичките преговори.