ДДВ ќе се враќа автоматски, нема веќе потреба од потпис на министер
Наместо по одлука на министер, автоматско враќање на ДДВ од трезорот од есенва, учество на компаниите на тендери за капитални инвестиции по лотови, докапитализација на МБПР за поголема финансиска поддршка на приватниците.
Ова се дел од мерките кои премиерот Заев ги најави пред стопанствениците од комората на северозападна Македонија.
Компаниите зборуваа за општи и конкретни проблеми во работењето. Меѓу најгласните барања беа измена на законот за извршување за полесно да си ги наплатат долговите од државните институции, средување на инфраструктурата во зоната во Визбегово, рамноменрен регионален развој.
Заев рече дека државата губи околу 300 милиони евра годишно во неплатен ДДВ, како и дека половина од персоналниот данок не се плаќа. Заради тоа многу од барањата за финанска дисциплина на државата ќе се решаваат напоредно со мерки за намалување на даночната евазија.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар