-->
-->
Давутоглу: Во експлозиите во Анкара загинаа најмалку 95 луѓе
-->
Во двојниот самоубиствен напад во Анкара загинаа најмалку 95 луѓе, соопшти синоќа турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Тој наведе дека тоа е напад со најголем број на жртви во историјата на Турција при што се повредени 246 лица од кои 48 се во критична состојба.
Во меѓувреме во Истанбул околу 10.000 луѓе протестираа поради инцидентот во Анкара. Некои од демонстрантите носеа транспаренти „Државата е убиец“ и „Знаеме кои се убиjците“.
Турските власти тврдат дека вчерашните напади во Анкара се дело на терористички организации.
Протести имаше и во други турски градови, вклучително и во Измир, во Батман, во Дијабекир. Во Дијабекир полицијата употреби солзавец за растурање на демонстрантите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара