-->
-->
Давитков: За победа ќе треба да погодуваме и во нападот
-->
Македонската кошаркарска репрезентација по поразот од Косово во првото коло од претквалификациите утре го игра вториот натпревар од групата. Противник ни е селекцијата на Естонија.
- Мораме да ја победиме Естонија. Тоа е селекција која во ростерот има 12 квалитетни играчи. Естонците 40 минути играат агресивно. Очекувам да имаме полна сала и играчите да дадат максимум за да ја постигнеме првата победа во групата. По вечерашниот тренинг ќе биде познато кои 12 играчи ќе настапат утре. Стајиќ тренираше синоќа и по тренингот ќе знаеме дали ќе биде подготвен за настап. За да стигнеме до победа не треба да играме добро само во одбрана, ќе мора утре и да погодуваме и во нападот, изјави Давитков пред почетокот на денешниот утрински тренинг.
Дуелот Македонија – Естонија се игра утре во ВИП арената во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор