Loading Video...
Кошарка
17. November 2017 - 12:08

Давитков во понеделник ќе ја направи првата прозивка

Во понеделник (20 ноември) македонската репрезентација ќе го започне новиот квалификациски циклус. 
 
Селекторот на машка кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков во понеделник 20 ноември, ќе ја направи првата прозивка во пресрет на  првиот прозорец од претквалификациите за Европското првенство 2021.
 
На поширокиот список на Давитков се 24 кошаркари меѓу кои и странците Мекејлеб, Хендрикс и Теодор, како и ветеранот Антиќ, кој во август месец најави дека ќе биде дел од селекцијата во ноемвриските квалификации. 
 
Останува да се види кои од повиканите ќе му се стават на располагање на Давитков на првиот тренинг закажан во понеделник во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 9 часот и 30 минути. 
 
Македонија во претквалификациите е во група А, каде за противници ќе ги има Словачка и Швајцарија. 
 
Првиот меч црвено-жолтите ќе го играат на гости во градот Попрад, против Словачка 23 ноември (четврток - почеток во 18 часот), а три дена подоцна (26 ноември – недела од 20.45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува  Швајцарија.