Кошарка
12. August 2017 - 23:45

Давитков: Одиме чекор по чекор на ред е Естонија

Македонската кошаркарска селекција во дуел од 4.коло од претквалификациите за СП ја постигна првата победа совладана е селекцијата на Косово со 87:74.
По дуелот селекторот Јорданчо Давитков на прес конференцијата изјави: 
- Тежок психолошки натпревар за нас. Во првиот дел погодија и неколку чудни шутеви, а потоа заигравме во вториот дел и подбобра одбрана и конечно и ние реализиравме нешто по низата промашувања во претквалификациите во првите дуели. Сега одиме чекор по чекор, пред а нас е Естонија, ќе направиме се за победиме.