Loading Video...
Кошарка
21. February 2018 - 18:50

Давитков : Кој не сака да ја поддржи добрата атмосфера, не мора ниту да ја расипува

 
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков смета дека пред дуелот со Словачка, порача дека никој неможе да ја наруши одличната атмосфера која владее во тимот, затоа порачува: „За жал или за среќа нема ни „С" од скандал. Не знам каде беше тој скандал. Имаме добра атмосфера од последниот циклус, и ако некој н есаска да ја поддржи таа атмосфера, не мора ниту да ја расипува„, порача Давитков.
 
Давитков очекуваат победа во овој со која ќе се осигура првото место го групата, а со тоа и пласман во следната рунда. 
„Поминавме многу добро кога игравме како гости со истиот противник, но овој триумф сега треба да го завериме на домашен терен. Очекувањата е победа, не размислуваме многу на друго. Сакаме поддршка од публиката, добра игра и победа и да завериме пласман во наредната рунда од претквалификациите. Нема да дозволам никакво опуштање, сакам да бидеме максимално фокусирани и да одиграме како што знаеме“, истакна Давитков.
 
Во овој состав на Давитков во кој покрај „странецот“ Хенрикс, најмногу ќе се очекува и од повратниците во репрезентацијата Костовски и Трајковски кои поради повреди го прескокнаа првиот меч. 
„Хендрикс имал грип, не тренирал шест дена. Но, подготвен е, ќе тренира со нас четири дена. Може нема да може да даде 100 отсто од своите квалитети, но знаејќи го него како одигра во Словачка, сигурно ќе даде максимум. Тука ги имаме и Трајковски и Костоски, кои сигурно ќе ни бидат од помош. Додека сум селектор, ќе ги повикувам сите што се најдобри во македонската кошарка. А дали ќе играат, тоа е нивно“, заврши селекторот.
 
Натпреварот Македонија – Словачка ќе се игра во недела во  „Јане Сандански“, со почеток во 20 часот и 15минути, а влезот за истиот ќе биде бесплатен.