Македонија
8. February 2017 - 20:41

Даштевски: СЈО го реализира планот за носење на власт за Заев и СДСМ

Специјалното јавно обвинителство се вклучува во кампањата на СДСМ.. Неодамна, дел од интернет порталите излегоа со тврдење дека СЈО почнува нова кампања за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја реализира преку притисоци на функционери и членови на партијата.. Според сознанијата на дел од медиумите, главна цел на СЈО ќе биде конструкција на предмети во однос на финансирањето на партијата..

Проопозициските медиуми денеска ги потврдија ваквите најави пишувајки дека Специјалното јавно обвинителство на распит повикало повеќе од 200 лица од Охрид кои биле на раководни функции, раководители на подрачни служби, министерства и други државни институции.. Освен овие, покани за распит пристигнале и до други јавно истакнати партиски функциониери на ВМРО-ДПМНЕ..

СЈО и до сега повикуваше партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ на распит.. Според Нивните тврдења, специјалните обвинители најмногу се интересирале за финансирањето на партијата.. Сите сослушани членови пред медиумите тврдеа оти потврдиле дека со свои донации ја помагаат партијата..

Според политичките аналитичари пак СЈО е странска инсталација создадена само за уривање на ВМРО-ДПМНЕ од власт и носење на Заев и СДСМ.. Александар Даштевски на својот фејсбук профил пишува:

-Целта е пред се промена на името, а потоа и двојазичност на цела територија и по можност кантонизација. Во најидеален случај и промена на уставот што би ја забетонирала кантонизацијата. За таа цел СЈО има задача по секоја цена да го обвини и дискредитира Груевски и неговиот тим како главна пречка за остварување на оваа цел, и со тоа да го отвори патот кон реализација на целите.