Џет-Сет
23. January 2018 - 9:44

Дара Бубамара заврши во болница во тешка состојба

Српската пејачка Дара Бубамара заврши во болница. Итно била хоспитализирана и морала да го откаже концертот во Шведска. Таа преку видеопорака на Инстаграм им се извини на фановите и на организаторите на концертот и ги информираше дека нејзината здравствена состојба не е на завидно ниво.

„Здраво на сите! Би сакала да ве поздравам и да ѝ се извинам на мојата публика во Гетеборг. Нема да можам да го одржам концертот поради вирусот и високата температура што ја имам – 40 степени!“, вели таа.